|

Продолжува судењето за пожарот во Модуларната ковид болница во Тетово

Во кривичниот суд во Тетово продолжува судењето за пожарот во Модуларната ковид болница, кој се случи пред повеќе од една година. Претходното рочиште не се одржа поради отсуство на двајца од обвинетите.

Обвинети во случајот со модуларната болница се поранешниот економски директор на Клиничката болница во Тетово, Артан Етеми, раководителот на ковид-центарот, Бобан Вучевски и поранешниот директор на тетовската болница, Флорин Бесими.

Потсетуваме дека пожарот во модуларната болница се случи на 8 септември 2021 кога 14 лица ги загубија животите, а голем број други пациенти беа повредени.

Слични Објави