| |

БОГОЕВСКИ НЕ СВЕДОЧЕШЕ ЗА МАЃАР ТЕЛЕКОМ, ИМАЛ ОБВРСКИ ВО ВЛАДА

Ексразузнавачот Слободан Богоевски, кој денеска требаше да сведочи за случаjот „Маџар телеком“, не дојде на рочиштето во Кривичниот суд. Тој го известил судот дека е спречен да присуствува на денешното рочиште поради обврски во работна група во Владата.

Неговото сведочење ќе биде дополнително закажано, а денеска бранителот на Атила Сендреи побара да биде сослушан поранешниот премиер Владо Бучковски во чие време е потпишан Протоколот меѓу Владата и Македонски телеком. (Повеќе)



Слични Објави