| |

Марија Дуда – добитничка на наградата за хуманост „Големо срце“

Извор: Агенциja Marili

Марија Дуда е добитничка на наградата за хуманост „Големо срце“, која и ја додели Андреа Илоска, генерална менаџерка на Хотел&СПА „Инекс Олгица“ од Охрид, во чест на нејзината мајка Олгица Манева – Илоска која беше беше голем хуманист и филантроп.

Наградата и беше доделена в петок, на 9.02.2024 година, во организација на Здружението на бизнис жени „Елит Скопје“.

Дуда ја добива оваа награда за нејзината грижа за животните, ранливите групи на луѓе, како и заложбите за подобро утре во Македонија.

Дуда е сопстеничка на првиот ранч со коњи за терапија за надминување на деперсија, анксиозност, и е прв зелен и еколошки центар за рехабилтација на лица со атипичен развој.

Ранчот „Д Кантрисајд“ (The Countryside) се наоѓа во општина Ранковце, на 20 километри пред Крива Паланка. Отворен е за посетители од 2021 година.

„Д Кантрисајд“ е ранч кој опфаќа терапија со помош на спасени животни за инспирација, но и за мотивација на луѓе.

Покрај наградата, Здружението Елит Скопје донираше финансиски средства за нега, грижа и ветеринарни услуги за сите животни на ранчот.



Слични Објави