Претседателката на Тајван: Ги следиме кинеските воени вежби, подготвени сме да одговориме доколку е потребно
Претседателката на Тајван, Цај Инг-вен издаде соопштение во кое наведе дека островот е подготвен да одговори „ако треба“, објави „Гардијан“.
Цај Инг-вен зборуваше на Твитер веднаш по 13:00 часот по локално време.
„Нашата влада и армија внимателно ги следат кинеските воени вежби, ги следиме сите информации, подготвени сме да одговориме доколку е потребно. Ја повикувам меѓународната заедница да поддржи отворен, демократски Тајван и да запре секаква ескалација на регионалната безбедносна ситуација“, изјавила таа.
Извор: Темите