|

Столтенберг: Путин го уништи мирот во Европа, НАТО ќе ја брани секоја педа од нашата територија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека рускиот претседател Владимир Путин со инвазијата врз Украина „го уништи мирот во Европа“.Нашата посветеност на членот 5, нашата клаузула за колективна одбрана, е цврста. Ќе ја браниме и браниме секоја педа од територијата на НАТО, потенцира Столтенберг. Тој додаде дека „НАТО не бара конфликт со Русија и се залага за дипломатско решение на конфликтот во Украина“.

-Претседателот Путин го уништи мирот во Европа. Сојузниците ја осудуваат неоправданата и брутална инвазија врз Украина. Рускиот напад е целосно неприфатлив и е помогнат од Белорусија, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Извор: Zoom. mk

Слични Објави