ЕРДОГАН СЕ ЗАКАНИ: АКО НЕ ДОБИЕМЕ МЕЃУНАРОДНА ПОДДРШКА ЌЕ ЈА ОТВОРИМЕ РУТАТА НА МИГРАНТИТЕ
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска се закани дека ќе мора повторно да ја отвори рутата за мигранти кон Европа, доколку Анкара не добие доволна меѓународна поддршка за решавање на проблемот со сириските бегалци.
Ердоган во својот говор одржан во Анкара подвлекол дека Турција е одлучна до крајот на септември да ја создаде „безбедносната зона“ на североистокот од Сирија, во партнерство со САД, но е подготвена и самостојно да делува доколку тоа биде потребно, јавуваат светските медиуми.
