| |

Здружението „Балкански мост“ со велигденска работилница во Битола- децата твореа и ја негуваа традицијата

Здружението „Балкански мост“ од Битола и оваа година организираше велигденска работилница, посветена на најголемиот христијански празник – Велигден. Во празнична атмосфера, малите учесници во работилницата се дружеа и твореа преку креативни активности, исполнети со радост и инспирација.

Во рамки на работилницата, децата цртаа, украсуваа и бојадисуваа велигденски јајца, создавајќи спомени и негувајќи ја традицијата. Организаторите истакнуваат дека ваквите активности имаат значајна улога во развојот на вредностите и заедништвото кај младите.

Во реализацијата на настанот се вклучи и Здружението на жени „Унироуз“, кое со својата поддршка придонесе за дополнителна топлина и успешност на работилницата.

Од здружението изразија благодарност до Амбасадата на Република Бугарија во Република Северна Македонија за континуираната поддршка, која овозможува одржување на ваквите традиционални активности.

По повод Велигден, од „Балкански мост“ им посакаа на граѓаните здравје, мир и благосостојба, со желба празникот да донесе радост и надеж во секој дом. „Христос воскресе!“, порачуваат од здружението.

Слични Објави