| |

ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ОДРЖИ 86-ТАТА СЕДНИЦА

На денешната редовна седница, Владата ќе ги разгледа нацрт – одлуката за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1 и за висината на закупнината, потоа нацрт – договорот за долготраен закуп на градежно земјиште со Друштво за производство, трговија и услуги Балканлар пластик производство ДОО увоз – извоз Скопје, како закупец на земјиште, како и нацрт – одлуката за давање на согласност на договорот за долготраен закуп на градежно земјиште со Друштво за производство, трговија, и услуги Балканлар пластик производство ДОО увоз – извоз Скопје, како закупец на земјиште.

Предложена од министерството за транспорт и врски, министрите денеска ќе дебатираат за информацијата за потребата од подобрување на состојбата на општинската патна мрежа.

Дел од владината седница ќе биде и информацијата за воведувањето на заеднички контроли на надлежните органи на Република Македонија и на Република Албанија на патниот граничен премин Ќафасан – Кафтане или one -stop-shop.

На предлог на министерството за финансии, Владата денеска ќе го разгледа предлог – законот за јавните набавки, додека на предлог на Собранието на Република Македонија – предлог – законот за изменување и дополнување на законот за игрите на среќа и забавните игри.

Министрите, на 86-тата седница ќе дискутираат и за предлог – програмата за изменување на програмата за превентивни мерки за спречување на туберкулозата кај населението во Република Македонија за 2018-та година.



Слични Објави