ЛОНДОН: ЏУЛИЈАН АСАНЖ НЕМА ДА БИДЕ ЕКСТРАДИРАН ВО САД

Суд во Лондон го одби барањето на американското правосудство за испорачување на основачот на Викиликс. Во случај на осуда, на Асанж во САД му се закануваа до 175 години затвор. Но, правната битка продолжува.

loading...

Судијка од лондонски суд ја образложи одлуката против екстрадиција на Асанж со неговата психичка состојба и затворските услови кои го очекуваат во САД. Доколку таму биде правосилно осуден, на Асанж му се заканува изрекување затворска казна до 175 години, може да се очекува поради изолациониот затвор тој да си го одземе животот, образложи судијката.

Американското правосудство има подигнато обвинение против Асанж, по потекло од Австралија, дека заедно со „свиркачката“ Челзи Менинг, тогаш Бредли Менинг, украле и објавиле доверливи материјали за американските мисии во Ирак и Авганистан. Со тоа, 49-годишниот Асанж го довел во опасност животот на американски информанти, гласи обвинението.



loading...

Поддржувачите на Асанж пак во него гледаат истражувачки новинар кој изведе на светлина воени злосторства.