| |

А. КОВАЧЕВ: НАД ДЕСЕТ ПРАТЕНИЦИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ИМААТ БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНСТВА

Во последниве години, стотици илјади луѓе се здобија со бугарско државјанство врз основа на нивното бугарско потекло. Особено бројни меѓу нив, се нашите собраќа од Македонија, кои и покрај 70- годишниот југословенски терор и перење на мозоци со секакви луди антички и асномски митови и легенди се враќаат постепено кон бугарските корени, пишува на Феjсбук бугарскиот европратеник
Андреj Ковачев. За жал, кај оваа група има и опортунисти кои се здобиваат со бугарски пасоши поради економски придобивки и слободата на патување и работа во ЕУ. Најлошото е дека дел од нив не само што не се чувствуваат како Бугари, но дури се меѓу јвните гласноговорници на омразата против Бугарија и бугарскиот народ. Такви луѓе има меѓу македонската политичка и економска елита.
Парадоксално е, на пример, дека само во сегашниот македонски парламент има над десет пратеници од ВМРО ДПМНЕ со бугарско државјанство кои, заедно со нивните семејства се самоидентификувале како Бугари по потекло. Истите пратеници минатата година гласаа против Договорот за пријателство со Бугарија, а некои и понатаму продолжуваат да се изразувачи на
антибугарски тези. Барем неколку се и пратениците-бугари од СДСМ. Бугари, сопруги или деца на Бугари, браќа или сестри на Бугари се насекаде. Сегашни и поранешни министри, кандидати за
претседатели, поранешни директори на Државен архив, градоначалници, шефови на банки, бизнисмени, новинари, шефови на телевизии, весници и сајтови, дипломати, советници, општински
советници, директори на служби … Нема ништо лошо во тоа што толку многу луѓе се осознаваат и се враќаат на нивните бугарски корени. Сигурен сум дека ќе бидат се повеќе и повеќе во иднина.
Меѓутоа, она што треба да се прекине е антибугарскиот говор и дејствија, особено од оние кои се со бугарски пасоши. Поради тоа, ќе предложам промени во законодавната база со која: 1.Тие кои
добиле бугарско државјанство, но користат говор на омраза или вршат дејствија против Бугарија, да бидат јавно афиширани како поседувачи на бугарско државјанство. 2. Ако нивните дејствија
продолжат, нивното бугарско државјанство да биде одземено. Тие луѓе треба да изберат, или да се Бугари или да продолжат да живеат со југословенски и антички, антибугарски митови и легенди.

Слични Објави