Бугарските политичари да одлучат дали сакаат да останат во историјата како Тодор Александров или како предавникот Георги Димитров*

//

Fb статус на Кирил Илиев, историчар

Мои размислувања за Северна Македонија!



  1. Први ја признавме државата Македонија на 15 јануари 1992 година под нејзиното тогашно уставно име- за возврат не нарекуваа Татари, фашисти и окупатори.
  2. Потпишавме Декларација за пријателство и добрососедство во 1999 година, која на никаков начин не беше испочитувана и моравме да потпишеме договор.
  3. Им помогнавме со воена опрема кога таа им беше најпотребна за време на конфликтот од 2001 г. – за возврат испратија платени провокатори да фрлат димна бомба на основачкото собрание на првата бугарска организација „Радко“ и го фрлија големиот Бугарин Јове Стојановски невин во затвор!
  4. Потпишавме договор и ги пуштивме во НАТО – тие за возврат го запалија и искинаа бугарското знаме, ја бојкотираа еднострано заедничката историска комисија, организираа платена кампања на лобисти против Бугарија во Европа, ги навредуваа нашите жени, дека ги купувале за две црвени (две банкноти со скромна вредност), ништо не направија за подобрување на инфраструктурата (исто и ние), славеа антибугарски празници на наводно антифашистичко (разберете антибугарско) востание, нивниот премиер во телевизиски етер рече дека сака да им покаже среден прст на Бугарите…

    Затоа сметам дека пред да и се даде зелено светло на Република Македонија за преговори со ЕУ, треба да се исполнат следните 4 точки!
  5. Итно прекинување на говорот на омраза против Бугарија и Бугарите. Вклучувајќи го и демонтирањето на сите споменици кои го навредуваат целиот бугарски народ, нарекувајќи го фашист, окупатор, „бугарска гнасна рака“ и тн. Промена на наставната програма по историја, каде намерно се всадува омраза кон Бугарите и се искривуваат фактите за да се создаде впечаток дека Бугарија е најголемиот непријател на Македонија, која насилно и го одзел Пиринскиот дел.
  6. Продолжување на работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија според член 8 од Договорот за пријателство и добрососедство, која работа треба да придонесе за објективно историско читање засновано на автентични факти и докази- засновани историски извори за научно толкување на историските настани.
  7. Гарантирање на правата на Бугарите кои живеат во С. Македонија и нивно вклучување во Уставот како рамноправен дел заедно со Албанците, Србите, Ромите, Бошњаците (таму сè уште живеат Бугари, кои не се скршиле под притисокот на Србите, и тие треба да се заштитат.
  8. Отворање на досиејата на југословенските тоталитарни комунистички служби (УДБА) во периодот по Втората светска војна.

    Причината поради која сакам овие точки да се спроведат сега лежи во тоа што немам доверба во актуелната политичка моќ во Северна Македонија, патем, и во претходната.
    Тие јасно докажаа дека немаат скрупули да ја нарушат обврската кон Бугарија.
    Затоа што видовме дека скопските политичари ги лажат Бугарите, ги лажат на големо. Доаѓаат во Бугарија и велат дека ние не сме фашисти и окупатори, потоа полагаат свежо цвеќе и држат огнени говори натоварени со патос за една шумкарска собиранка Македонија, каде што истураат оган и пламен против фашистите (т.е. се разбира против нас).
    Сфаќам дека е лесно да се сликаш со македонските Бугари пред избори и да даваш помпезни ветувања пред камерите, тешко е да ги реализираш твоите ветувања откако веќе си дојден на власт.
    Мислам дека е исправно партиите кои шпекулираат на оваа тема и ветуваат да ја имаат формулата како да се одврзе македонскиот јазол, прво да се потрудат и да се консултираат со самите Бугари кои живеат во денешна С. Македонија. Не само на истакнатите кои сите ги знаеме и ги истакнуваме, туку барем до ставот на оние 700 луѓе кои живеат во Македонија и кои гласаа на последните избори.
    Тоа би го направила политичка елита која има почит кон својот народ и мисли за неговата иднина.
    Сите други мантри од типот: „Да се ​​биде заедно со Македонија во ЕУ е дел од бугарскиот национален интерес“ се празни од содржина, не затоа што горенаведеното не е точно, туку затоа што бугарскиот национален интерес е првенствено да се обезбеди живот, здравје и достоинство на Бугарите!
    П.с. Во моментов сите наши политичари пишуваат историја и зависи од тоа како ќе ја напишат, дали ќе останат во историјата како Тодор Александров – сакан од целиот народ или како Георги Димитров – кој ја напиша најсрамната страница во нашата историја со предавството кон Македонија.

    *Насловот е на редакцијата

Претходна статија

Бугарски дипломат: Острите пресврти во надворешната политика не се во интерес на Бугарија

Следна статија

Српскиот владика Иринеј Буловиќ: Стара Србија се протега од Кајмакчалан до Словенија

Најново од Ваш став