МВР СО ДЕТАЛИ ЗА ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО ПЕКАРАТА НА ТАТКОТО НА ВЛАДО МИСАЈЛОВСКИ

Од секторот за внатрешни работи Скопје утрово ја потврдија информацијата дека во текот на ноќта е фрлена експлозивна направа во продавница во Ѓорче Петров сопственост на семејството на Владо Мисајловски, кандидат за пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

Утрово во 03,40 пријавено е дека на улицата „Ѓорче Петров“ излегува чад од пекара сопственост на Б.М. (62 години), а претходно се слушнала детонација. По пристигнувањето на полициските службеници забележено е дека влезната врата целосно е извадена и причинета е материјална штета, се вели во информацијата од СВР Скопје. Од таму додаваат дека работат на целосно расчитување на случајот.