|

Грција: Протест на земјоделците во центарот на Солун

Земјоделци од повеќе региони на северна Грција се собраа денеска во Солун за да ги претстават своите барања за зајакнување на земјоделскиот сектор по повод отворањето на 30. Меѓународна земјоделска изложба „Агротика“.

Тие се собраа на јужното пристаниште на Меѓународниот изложбен центар во Солун и таму ќе останат додека трае „Агротика“, односно до 4 февруари. Во центарот на градот има стотици трактори.

Протест на земјоделците денеска има и во Брисел, каде околу 1.000 земјоделци со трактори блокираа неколку централни улици во тој град, особено во близина на европскиот кварт, каде се очекуваат лидерите на ЕУ на вонреден состанок на Европскиот совет.

На тој протест избувнаа нереди, подметнати се пожари и фрлање камења, а сообраќајот во Брисел и неговата околина се одвива отежнато, јавува Танјуг.



Слични Објави