ПО 30 ГОДИНИ КОНЕЧНО РЕКОНСТРУИРАНА ИТНАТА ПОМОШ ВО МАКЕДОНСКИ БРОД

После триесетина години е извршена комплетна реконструкција на просториите на Итната медицинска помош, во Здравствениот дом во Македонски Брод. Поставени се нови внатрешни ѕидови, врати, извршено е молерисување и поставена нова медицинска и немедицинска опрема. Комплетно е реновиран и влезот на оваа установа со ново осветлување на првиот кат во Здравствениот дом.

Оваа инвестиција е во вредност од 10 илјади евра, а средствата се обезбедени од оваа јавна здравствена установа, информира Министерството за здравство.

Од Здравствениот дом Македонски Брод, информираат дека во текот на минатата и оваа година, првпат по 20 години се испратени пет доктори на специјализација од областа на интерна медицина, гинекологија, радиологија, офталмологија, детска и превентивна стоматологија. Во текот на оваа година, се планира на специјализација да заминат уште тројца доктори од областа на педијатрија, биохемија и ургентна медицина.