АЛСАТ М : РУСКИ ФУНКЦИОНЕРИ НИЗ МАКЕДОНИЈА АГИТИРААТ ЗА БОЈКОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ ?
Националната телевизија на македонски и албански јазик АЛСАТ М повикувајќи се на свои извори од безбедностите сили дознава дека неколку функционери од Русија веќе неколку дена се движат низ земјава. Иако нивните активности официјално не се познати, неофицијално се дознава дека нивната дејност може да биде ангажман против референдумот. Доверливи извори соопштуваат дека лицата им се познати за органите, но не споделуваат детали за тоа која е конкретно нивната активност: Средби со граѓани, со политички претставници, пропаганда или ширење дезинформации.
Ставот на Руската федерација во однос на референдумот за името се заостри пред неколку дена, кога дипломатското претставништво на социјалните мрежи ги критикуваше посетите на меѓународните претставници во Македонија и нивните повици за да се излезе на гласање. Домашните институции не ги коментираа овие ставови на Москва.