СТОЛТЕНБЕРГ: РУСИЈА СЕ ОБИДУВА ДА ГО СПРЕЧИ ВЛЕЗОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО
Првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг ја обвини Русија дека го попречува влезот на Македонија во Алијансата. „Набљудуваме како Русија се обидува да го спречи влезот на Македонија во НАТО. Бевме сведоци и на неуспешниот обид за државен удар во Црна Гора“-истакна Столтенберг. Според него има многу примери за тоа како Русија се обидува да влијае во политичките процеси на земјите што веќе се дел од Алијансата и на земјите партнери.