Го читаме повторно членот 8 овој пат став 3:
Втората страна нема повторно да го употребува на кој било начин и во каква било форма симболот порано истакнат на нејзиното поранешно државно знаме. Во рок од шест месеци по влегувањето во сила на оваа Спогодба, Втората страна ќе пристапи кон отстранување на симболот истакнат на нејзиното поранешно државно знаме од сите јавни места и од јавна употреба на нејзина територија. Археолошките артефакти не спаѓаат во опфатот на оваа одредба.
Од ова следи дека освен придавка кон името на Воинот на коњ, ќе треба да се изврши и менување на капаците на одводната мрежа. На некои од нив како што знаете е истакнато сонцето од Кутлеш. Колку ќе чини тоа, треба да се пресмета, од каде ќе се најдат пари, знаат надлежните. Исто така ќе треба да се изврши повторно боење на спортските сали од времето на „режимот“, ако на некоја од нив грее гордо истото сонце од капаците на одводната мрежа.