Стоилов во фан зоната: Сите во соблекувалната ме тешеа како мало дете (Видео)

/

По ремито против Германија, 25:25, македонските ракометари во текот на вечерта им се придружија на фановивте во фан зоната.

Пред навивачите зборуваа Стојанче Стоилов, капитенто Лазаров…Како и секогаш Стоилов повторно беше оригинален и објаснуваше како колегите од репрезентацијата го тешеле во соблекувалната.

Да потсетиме, Стоилов на само десетина секунди пред крајот на натпреварот пропушти прилика да погоди и веројатно да донесе победа против Европскиот шампион.

„Секоја чест до сите имам нешто што морам да го кажам, сите од репрезентацијата ме тешеа како мало дете. Седам јас тажен во соблекувална и доаѓа Жарко Пешевски и ми вика „брат ја виде ли каква беше таа шраубата“, зборуваше Стоилов.



Во продолжение погледнете како нашиот „воин“ зборуваше пред фановите…

Извор: Sportski.mk

Претходна статија

Бугарскиот парламент го ратификува Договорот за добрососедство со Македонија

Следна статија

Манасков, Стоилов и Кузмановски со нови фризури: ,,Нуларици” поради изгубена кладба

Најново од Вести