|

Алијанса за Албанците денеска избира раководни органи на партијата

Централното собрание на Алијанса за Албанците денеска ги избира раководните органи на партијата откако пред околу еден месец на вонреден конгрес Арбен Таравари беше избран за претседател, функција која околу три месеци ја извршуваше како в.д. по оставката на претходниот лидер Зијадин.

Централното собрание, според најавата, требаше да почне околу 12 часот во Куманово. Покрај избор на ново раководство, очекувањата се партијата денеска да расправа и за евентуален влез во Владата.

Ова прашање деновиве е во фокусот на јавноста, а во дел од медиумите се појавија и информации за распределбата на ресори односно министерства со кои би можеле да раководат кадри на Алијанса за Албанците.

Извор: Слободен печат

Слични Објави