| |

ДИМИТРОВ: ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ОДЛУЧАТ КАКВА МАКЕДОНИЈА САКААТ

Со лидерство и со визијата за напред не очекувам да имаме дополнителни проблеми. Пријателството значи разбирање за секирациите за грижите на другиот и мислам дека како што во Македонија ќе има такво чувство за Бугарија и во Бугарија ќе има такво чуство за нас. Не може Македонија да биде среќна ако Бугарија е несреќна или ако е Грција или ако е Албанија, мал ни е регионот. Мислам дека е време повеќе да мислиме на работи кои ни се важни, какви економии имаме , какви ни се платите, какво ни е здравството какво ни е образованието,  зошто луѓето си одат во други држави каде што животот е посреден, какво ни е судството, какви ни се медиумите тоа се прашања што треба да ги разговараме. Малку да растеме заедно. Колку поголеми пречки ќе надминуваме толку поголема ќе биде историската победа. Јас мислам дека нема по патриотска должност кога државата е во ќор сокак кога имаме еден тежок камен што не влече надоле, нема поголема одговорност од раковотството да создаде шанса, да направи се што може, изборот ќе биде на граѓаните бидејќи договорот е условен со успешен референдум. Ако граѓаните решат ваква Македонија сакаме, сакаме отворени врати кон ЕУ, сакаме да влеземе во НАТО нема поголема патриотска должност од отстранување на проблем што прави проблем на државната долгорочност. И  Собранието и Претседателот со сета почит за различните ставови ако граѓаните речат да ќе мора и тие да кажат да.



Слични Објави