Бугарскиот парламент го ратификува Договорот за добрососедство со Македонија

//

Бугарскиот парламент го ратификува со закон Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Македонија. Законот беше усвоен едногласно од страна на  186 пратеници. Договорот беше ратификуван од страна на македонските пратеници пред три дена. Во македонското собрание 61 од 120 пратеници, гласаа за ратификација на договорот. Договорот беше потпишан минатата година на 1 август од страна на двајцата премиери – Бојко Борисов и Зоран Заев. Неговата цел е да се заборават споровите во историјата во името на заедничката европска иднина и развојот на двете земји.



Претходна статија

Фил Невил ќе биде новиот англиски селектор, но на женската репрезентација

Следна статија

Стоилов во фан зоната: Сите во соблекувалната ме тешеа како мало дете (Видео)

Најново од Вести