Путин и неговите луѓе се однесуваат како мафијаши

////

Западните експерти веќе долго време се обидуваат да разберат како размислуваат и раководат владетелите на Русија. На веќе постоечките заклучоци базирани на историја, култура, економија или стратешки воени интереси треба да додадеме уште еден: Путин и неговите луѓе размислуваат и дејствуваат слично на шефови на мафијата, а аналитичарите на Запад се почесто зборуваат за Русија како мафијашка држава

Путин ја концентрираше целата моќ во своите раце, ја уништи секоја значајна опозиција, а економијата и државната влада  ги даде на своите корумпирани пријатели. Критичарите и ривалите се убиени, а оние кои се уште се живи се присилени да го држат својот јазик зад забите, за да не ги загрозат своите животи. Постојат гласини дека самиот Путин има акумулирано чудесно богатство.

Руската надворешна политика исто така демонстрира мафијашки стил. Ѕвечкање на оружје, интриги и закани се користат за да биде вратен изгубениот во 1991 година статус на велесила и да биде освоена “територијата на привилегираните интереси” на Москва во која Кремљ да доминира над сите соседни земји.

Путин демонстрира со воената моќ на неговата земја, особено со нуклеарните проектили. Заканувачкото зближување на борбени авиони во воздухот и обуката за наводни напади имаат за цел отстранувањето на другите играчи од територијата што Русија ја смета за наследство. Со анексијата на Крим и суровата воена акција во Донбас и Сирија, Кремљ покажа дека не ги почитува правилата и меѓународното право

Паранојата на Путин за Крим, од слабост се претвори во сила. Во истото време, Кремљ се обидува да го ослабне Западот со мешањето со изборниот процес на другите земји.

Но, дали навистина можеме да го споредиме рускиот претседател со Вито Корлеоне и Тони Сопрано? Путин отворено користи реторика која изобилува со затворски сленг, а детството му по улиците на Ленинград го научило секогаш “да биде прв”.

За време на неговата работа во КГБ тој ги научил методите на заговорот, а во 90-тите години практикуваше корумпирана политика. Во светот во кој беше формиран Путин, кралот има немилосрдна конкуренција, а моќта ја добива само оној кој е итар, силен и безмилосен.

Моќта над луѓето подразбира не само пристап до инструментите на моќ, туку и целосно убедување на субјектите дека овие средства ќе бидат искористени. Станува збор за она што криминалистите го нарекуваат “капитал на насилството”, а рускиот научник емигрант Игор Сутјагин го дефинира како “аура на власта”.

Мафијашкиот менталитет не е само лична карактеристика на ликот на Путин. Идејата дека на Русија й треба “цврста рака” е длабоко вкоренета во руските традиции, како и верувањето дека силата произлегува од стравот од слабите.

Ова разбирање содржи многу циничен презир кон слабоста. Во пракса, тоа значи дека земјата станува супер-држава само кога нејзините околни земји се поклонуваат на нејзината волја и и’ “покажуваат почит”.

Токму поради оваа причина истражувачот од Институтот за одбрана Фредрик Вестерлунд коментира: “Од гледна точка на Русија малите или слабите држави не се целосно суверени. Кремљ очекува малите држави  да ги усогласуваат своите интереси со интересите на големите”.

Ова гледиште за “моќ” треба да се земе предвид кога западните политичари и аналитичари се обидуваат да разберат зошто Русија ги декриптира своите сигнали. Кога Кремљ вели дека нејзината безбедност е под закана, всушност е загрижена за сопствениот статус и престиж.

Ова гледиште е еден од клучните моменти за разбирањето зошто Кремљ е толку загрижен за малите контингенти на НАТО во Балтикот и Полска, како и за прашањето за членството во НАТО.



Смешна е и изјавата на Кремљ дека неколку баталјони на НАТО во балтичкиот регион или пристапувањето на Црна Гора во НАТО претставуваат закана за огромната нуклеарна држава Русија. Тоа е исто како некој слон да се уплаши од закана на некаква мравка. Но, ако ја погледнеме оваа игра од гледна точка на мафијата, гледаме одредена логика. Воени закани не се баталјони во балтичките земји, туку фактот дека балтичките земји, Полјаците и другите членки на НАТО сакаат да бидат во можност да се спротивстават на напад од страна на Русија.

Членството во НАТО на Црна Гора само по себе исто така не е закана, но она што Русија го прифаќа како закана е самиот факт дека Црна Гора сака и може да стане членка на НАТО и покрај незадоволството и несогласувањето на Русија. Во двата случаи, Русија верува дека ќе изгледа слаба, а во нејзиниот свет каде што моќта е заснована на страв, тоа е смртен грев.

Од тука станува јасно зошто Путин мора да ги поддржува и штити своите “клиенти” и подредени, бидејќи нивната слабост ќе фрли сенка врз нивниот шеф. Затоа операцијата во Сирија беше неопходна на Кремљ: клиентот на Русија Асад требаше да истрпи многу, особено откако стана јасно дека престижот на Путин е нарушен поради бегството на неговата марионета во Украина – Виктор Јанукович.

Најпрвин беше потребна анексијата на Крим за да се врати  “аурата на моќ” на Русија и Путин.

Се разбира, ваквата политика на сила доведе до конфликт со Западот, но на краток рок ја зајакна внатрешната моќ на Путин. Играјќи со национализмот и повикувајќи се на единство против лицето на “непријателскиот остаток од светот”, Путин го принуди рускиот народ да заборави на сиромаштијата и корупцијата. Путин го натера народот да ја осуди опозицијата и дисидентите како “предавници на татковината”.

Прашањето е колку долго овие методи на мафијата ќе функционираат. Заплашувањето на соседите со закани и насилство не функционира како што очекува Русија: во случајот на Украина и НАТО, ефектот беше сосема спротивен.

Националната еуфорија, што настана по анексија на Крим изгледа веќе ја доближува нулата, а Путин е силно вознемирен од расположението меѓу населението во пресрет на претседателските избори. Самиот факт дека на лидерот на опозицијата Алексеј Навални не му беше дозволено да учествува на изборите, иако тој немаше шанси за победа, докажува дека Путин врие.

Во 1917 година, а и во 1991 година, режимот во Русија беше уништен под влијание на длабокото народно незадоволство. Путин веројатно се плаши дека сè ќе се повтори по трет пат и може да се најде во тешка ситуација.

Во Источна Азија споредуваат крајната власт со јавањето на тигар: додека јаваш сè е во ред, но ако паднеш, тогаш тигарот ќе те изеде.

И ова мора да се запомни.

Напиша: Роберт Далсо, член на Кралската академија за воени науки на Шведска

Претходна статија

Ирански филмови во Кинотеката

Следна статија

Се екипираше тимот на серијата за деца „Наше маало“

Најново од Анализи & Коментари