ГДУ: Ги охрабруваме членовите на македонскиот парламент ентузијазмот за ракоплескање пред Столтенберг да го преточат во конкретна акција за доброто на народот.

//

По повод посетата на Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на Македонија, Иницијативниот Комитет на Граѓанско Демократската Унија го објави следното соопштение до јавноста:

„Граѓанско Демократската Унија како нов политички субјект недвосмислено е приврзаник на евроатлантските интеграции, тоа е впрочем еден од ретките политички предизвици околу кој постои национален концензус во Македонија.
Затоа, посетата на првиот човек на НАТО ја сфаќаме како исклучително значајна за Македонија и е своевидна валоризација на напорите кои се вложени во исклучително чувствителни моменти за стабилноста на Македонија.
Оттука, ги охрабруваме членовите на македонскиот парламент кои денеска се собраа да го ислушаат Јенс Столтенберг, ентузијазмот кој го манифестираа со ракоплескање, да го преточат во конкретна акција така што ќе почнат да работат во интерес на земјава, благосостојбата на граѓаните и доследно почитување на позитивните законски прописи.
Поддршката која земјава недвосмислено ја ужива кај дел од меѓународната заедница, треба да биде мотив за унапредување на земјава и на внатрешен план, а не алиби.
Јавноста оправдано го има констатирано ова и ГДУ во целост ја оправдува таквата позиција и добронамерно укажува дека таа состојба има краток век на траење“- се вели во соопштението на ИК на ГДУ.



Претходна статија

Џафери – Столтенберг: Да се финализира „незавршената работа“ од Букурешкиот самит

Следна статија

Што ако Ел Команданте беше командант Форина???

Најново од Вести