| |

Петар Колев: Верувам дека Македонија ќе биде следната членка на НАТО и ЕУ

Членот на ИК на ГДУ, Петар Колев преку својот facebook истакна дека верува во евро-атлантскиот развој на Република Македонија, и покрај лицемерието на дел од политичката елита е убеден дека нашата земја ќе оди напред и ќе стане дел од семејството на богатите, развиените и безбедните земји. Ви го пренесуваме ставот на Петар Колев, објавен на неговиот facebook профил во целост:

„Македонија оди и ќе оди напред, без разлика на лицемерието и саботажите на дел од политичката елита. Граѓаните на нашата земја сакаат да бидат и ќе бидат дел од семејството на богатите, развиени и безбедни земји. Затоа верувам дека Македонија ќе биде 30-та членка на НАТО и следната земја од западен Балкан која ќе добие дата за започнување на преговори со ЕУ. Се надевам дека денешното поколение политичари ќе бидат на нивото на задачата и нема да мислат за сопствениот конфорт и кариери, служејки се со популизам и манипулации, а ќе се посветат на иднината на нашата земја и иднината на идното поколение“.

Слични Објави