| |

Манџукова: Бесарабските Бугари се нераскинлив дел од бугарското национално ткиво

Бесарабските Бугари се “нераскинлив дел од бугарското национално ткиво, од бугарската духовна и културна заедница. Тие ќе останат тоа, бидејќи врската меѓу нас и нив е нераскинлива” – пишува во единствениот број на весникот “Бугарска Бесарабија”, објавен во Софија на 28 ноември 1938 година и повикува еден ден во годината „да биде за нив и за нас голема прослава на бугарскиот дух“. Овој ден е 29 октомври. Датумот на Денот на Бесарабските Бугари не е случајно избран.

„На 29 октомври 1838 година е осветена црквата „Св. Преображение Господово” во градот Болград, Украина. Храмот е изграден од бесарабските Бугари во знак на благодарност на тогашната држава што дала можност за развој, слободно живеење, тргување итн.- потсетува извршниот директор на Извршната агенција за Бугарите во странство Рајна Манџукова

Во 1938 година, кога во Бугарија веќе имало голема заедница на бесарабски Бугари, кои учествувале во подобрувањето на бугарската држава, тие предложиле денот на осветувањето на храмот да се слави во Бугарија како Ден на бесарабските Бугари, со цел да се зацврстат односите меѓу Бугарите кај нас и во Бесарабија, но Втората светска војна започнала во 1939 година и овој празник не успеал да се воспостави. Обновен е дури во 1989 година на предлог на Друштвото за односи со бесарабските и таврските Бугари „Родољубец“, а формираната една година подоцна, Агенција за Бугарите во странство со задоволство ја презеде оваа иницијатива и оттогаш се трудиме да го промовираме овој ден“, раскажува Манџукова пред Радио Бугарија.

Агенцијата од минатата година одржува и фестивал чија цел е поширок круг луѓе да се запознаат со традициите, обичаите и силната поврзаност со татковината на предците кои ја одржуваат обединета оваа бугарска заедница. Годинешното издание беше една недела порано од вообичаеното, бидејќи Денот на бесарабските Бугари се совпадна со локалните избори во Бугарија, но тоа не ги намали емоциите за време на фестивалот.

Слични Објави