|

ЕРДОГАН ОПТИМИСТ ДЕКА НАЈНОВИОТ ДОГОВОР ЗА ИДЛИБ МЕЃУ РУСИЈА И ТУРЦИЈА ЌЕ ДАДЕ РЕЗУЛТАТ

Најновиот договор Русија-Турција за Идлиб ќе даде опипливи резултати, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по неговото враќање од Русија.

„Прекинот на огнот оствари значителни придобивки во неколку области. Ги штити нашите граници од терористи и режими. Примирјето претставува основа за стабилизација и нормализација на Идлиб. Исто така, го штити нашиот воен персонал таму, како и цивилите “, рече Ердоган, пренесува ТАСС.

Претседателите на Русија и Турција се состанаа во Москва во четвртокот, за да се договорат прекинот на огнот и голем број други мерки за решавање на ситуацијата во сириската провинција Идлиб.

Русија и Турција ќе започнат со заедничко патролирање на 15 март. Москва и Анкара ја потврдија својата заложба за зачувување на суверенитетот на Сирија и се согласија да продолжат со одлучна борба против тероризмот.

Извор: Макфакс



Слични Објави