| |

ФУНКЦИОНЕРОТ НА ДУИ ЕЈУП АЛИМИ ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ОБВИНИТЕЛИ ПРЕКУ СВОЈОТ АДВОКАТ

На денешното рочиште по предметот на СЈО за изборни нерегуларности „Титаник 3“ обвинителката Фатиме Фетаи обелодени дека добила порака од обвинетите во случајот функционери на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури дека таа „била нивна и можела лесно да помине, ама на тој каурот, фамилијата ќе му ја расплачеме“. „Каурот“ во приказната е обвинителот од СЈО Бобевски, а Алими е функционерот на ДУИ кој одби да се обрати на македонски јазик од собраниската трибуна, повикувајќи се на правото да говори само на албански јазик, бидејќи истиот е службен.



Слични Објави