СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 ГОДИНИ НЕ ПРЕЗЕДЕ НИШТО ОКОЛУ ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ

Вести Истакнато Македонија

Владата предводена од СДСМ, Министерството за животна средина, Град Скопје, единиците на локалната самоуправа и сите останати надлежни институции стратешки и системски се вклучени во Планот за чист воздух. После 11 години игнорирање на проблемот од страна на криминалната ВМРО-ДПМНЕ за прв пат во стратешките приоритети во програмата на една влада е определена Програма за намалување на аерозагадувањето, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.

Ставањето крај на долгогодишниот, наследенпроблем со загадувањето на воздухот може да се направи само на овој начин, преку системски и континуирани мерки.

Јасно е дека Владата и сите институции се зафатија со решавање на овој проблем. Од Буџетот за 2019 се обезбедени нови 1.5 милиони евра, дополнителни средства, покрај веќе постоечките буџети во надлежните министерства.

Во таа насока, Владата предводена од СДСМ го усвои Предлог-Законот за гаранција и презеде обврска да го гарантира заемот на Град Скопје од 10 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со што ќе се обезбедат средства за набавка на еколошки автобуси за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Преку планот за чист воздух започнува замена на типот на загревање во објектите што се загреваат на мазут и нафта, со еколошки извор на загревање. Замената ќе започне со градинките, основните училишта, здравствените установи, а првиот пример наскоро ќе биде студентскиот дом ‘Кузман Јосифовски – Питу’, којшто се наоѓа во центарот на Скопје и сега се загрева на нафта.

Се започна со подигање на зелен појас околу енергетскиот комбинат РЕК Битола. АД ЕЛЕМ ја започна првата фаза од подигањето зелен појас околу РЕК Битола со садење на 50.000 садници на потегот од Брод Гнеотино до Новаци, а за наредната година планирани се две акции за пошумување со по 50.000 садници, со цел до крајот на наредната година околу РЕК Битола да се засадт вкупно 150.000 садници.

На 800 семејства во Скопје, 150 во Битола, 150 во Тетово, ќе им се доделат инвертори, за да се грат еколошки и да ги заменат печките на дрва, додека во дворовите на градинките ќе бидат засадени 1.700 садници.

Ова се само дел од мерките што секојдневно се преземаат за да се реши долгогодишниот проблем со загадувањето на воздухот.

Преку Планот за чист воздух кој опфаќа низа на краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки, интензивно се работи на намалување на загаденоста на воздухот во земјава која за две години се очекува да се намали за 50% во Скопје и 30-50% во другите градови.

Проблемот е комплексен и долготраен, но решавањето е ставено на врвот на приоритетите на Владата предводена од СДСМ, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.