ВМРО-ДПМНЕ: ДОДЕКА ШИЛЕГОВ СИ ИГРА ИГРИ НА МОБИЛЕН ГРАЃАНИТЕ СЕ ГУШАТ ОД ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ

Вести Истакнато Македонија

Здравствените проблеми кои ги имаат граѓаните од отровите кои ги дишат не го заслужуваат вниманието на Петре Шилегов и Јани Макрадули кои за огромната плата што ја добиваат токму од народот повеќе сакаат да си дремнат или да си поиграат игри наместо да решаваат проблеми, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Додека Шилегов си игра игрички на мобилен телефон за време на собраниска комисија, граѓаните се гушат во загадениот воздух. Играта на мобилен за Шилегов се покажа дека е поважна од здравјето и животите на граѓаните.

Градоначалникот на Град Скопје и заменик министерот за животна средина уште еднаш пред целата јавност ја покажаа незаинтересираноста за решавање на проблемот со загадувањето.

Европската агенција за животна средина (ЕЕА) официјално потврди дека Македонија е најзагадена земја во Европа. Скопје секојдневно е на врвот на листата на најзагадени градови во светот, а Заев, Шилегов и Макрадули се уште немаат превземено апсолутно ништо за справување со овој проблем, кој е еден од најгорливите за граѓаните.

Заев, Шилегов и Макрадули пред изборите ветуваа итни краткорочни, но и долгорочни мерки со кои ќе се намали загадувањето. Сега откако ја презедоа и централната и локалната власт не спроведоа ниту една мерка за справување со загаденоста, а ги игнорираат и последиците од загадувањето.

Високото ниво на ПМ10 честици ги наполни болниците со пациенти кои имаат проблеми со кардиоваскуларните и респираторните органи, а Светската здравствена организација потврди дека годишно над 3.000 луѓе ги губат своите животи како директен резултат на енормно загадениот воздух.

И додека граѓаните се завиваат во црно, СДСМ покажуваат дека се незаинтересирани и неспособни да го намалат загадувањето. Повеќе пари се издвојуваат за луксузни фотелји отколку на мерки и борба против аерозагадувањето во државата и во главниот град.

Заев, Шилегов и Макрадули ги излажаа граѓаните. Скоро две години ништо не презедоа за подобрување на квалитетот на воздухот, нешто што толку помпезно го ветуваа претходно. Република Македонија и граѓаните станаа жртви на манипулациите на измамничката и криминална власт на СДСМ.

Граѓаните не заслужуваат ваква власт која не се грижи за нивните животи. СДСМ мора што поскоро да си замине за да може да се решаваат проблемите на граѓаните.

Сите кои сакаат да го кренат својот глас против неспособноста на сдсм да се справи со загадувањето, сите кои сакаат да го кренат својот глас против распродавањето на државните и национални интереси, против масовниот грабеж и криминалот, добредојдени се да ни се придружат во 17 часот, на Плоштадот „ВМРО“ и со протестен марш да се упатиме кон Владата на Република Македонија за да испратиме порака дека доаѓа крајот на ова црно владеење, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.