Словачка ја поддржа кандидатурата на Марк Руте за шеф на НАТО
Словачка ја поддржа кандидатурата на холандскиот премиер Марк Руте за следен генерален секретар на НАТО, изјави денеска словачкиот претседател Петер Пелегрини.
„Словачка претпочиташе „географски“ поблизок кандидат од Централна и Источна Европа. Словачка може да го замисли Марк Руте како шеф на НАТО и ќе го поддржи“, изјави Пелегрини по самитот на Европската унија во Брисел, пренесува Ројтерс.
Претходно денеска и Унгарија објави дека ја поддржува кандидатурата на Руте, при што и се приклучија Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Франција и Германија.
