МАРСОВЦИ

Истакнато Краток спој Позиција

Вчера NASA се пофали дека слетала на Марс , а градоначалникот на Штип, Благој Бочварски се пофали дека за една година откако е прв човек на општината направил 1 километар локален пат…

Поминувајќи покрај оние дедовцине што го блокираат булеварот пред Собрание, ми идеше да им се издерам: „Само јако младичи, додека вас овде ве врне дожд, Грујо си го лади во Будимпешта со парите на вашите синови, ќерки и внуци“, ама не го направив тоа, бидејќи и онака знам дека нема да ми ја разберат поентата.

Грујо си го лади, а Шилегов си игра игрици на телефон додека од собраниската говорница Влатко Ѓорчев го дрви за загадувањето. Кур му е двор му е на Шилегов, оти единствениот смислен напад врз неговите светол лик и дело дојде од Љупче Златев, ако ви текнуе, кога овој млад и симпатичен новинар му појде на викендица со камери ради едни коцки.

Марсовци да бевме ќе имаа поголем респект кон нас, глупаците, кои ете плаќаме даноци за да може Хазби Лика да оди на работа, кога ќе му прдне на курот, а командант Вентили да ни се извинува дека кога кажал дека не му е работа да се занимава со граѓаните, не сме го разбрале добро.

Да бевме Марсовци сеа ќе станевме познати и со тоа што од NASA ни дошле на гости и немаше да мораме да ги трпиме театрите на Палчо и Вилипче Вечно Директорче, кои мака мачаат да се покажат како најголеми патриоти во државата, поголеми дури и од: Тодор Петров, Солза Грчева, Јанко Бачев и Стефан Канџа Влахов Мицов. Да тибам конкуренцијата, ама тоа е реалноста.

Да не забораваме дека Мицко не смее јавно да дроби за одбрана на уставното име, откако Хан му ги тегнеше ушите во Брисел, па сеа мора театарот да продолжи со „закон за амнестија“. Законов не помина во Собрание, ама се создаде тело за помирување. Ми мириса дека од помирувањето ќе се облажат само пратениците што му помогнаа на Заев, а Јане Убо ми стои црвенава комитска униформа Ченто и останатите т.нар уставобранители (каква кованица) ќе продолжат да скапуваат во притвор. Колку и да не ми е симпатичен Ченто, ми е жал за него…

Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира… се надевам дека говорниците нема да заборават да спомнат дека ради Договорот со Бугарија Македонија веќе 27 години се чувствува како испосрана ластовица со која никој не сака да лета во исто јато.

Автор: Батко Тане