СОЈЛУ: ТУРЦИЈА НЕ Е ХОТЕЛ ЗА ИСИЛ, ЕКСТРЕМИСТИТЕ ЌЕ БИДАТ ВРАТЕНИ ВО СВОИТЕ ЗЕМЈИ
Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, изјави дека државата ќе ги врати членовите на Исламска држава во нивните матични земји.
Сојлу појасни дека тие ќе бидат вратени без оглед на тоа што нивните држави ќе им го одземат државјанството. Министерот и претходно порача дека „Турција не е хотел за нечии членови на ИСИЛ“, пренесува асошиејтед прес.
Турција ги обвини курдските сили дека на северот на Сирија ослободиле заробеници на ИСИЛ, додавајќи дека екстремистите повторно ќе бидат заробени и одведени во кампови и затвори во зоните под контрола на Турција, на територијата на Сирија.