СПАСОВСКИ: СУДИЈА ИЛИ ОБВИНИТЕЛ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ЗА БЕГСТВАТА ОД ПРАВДАТА
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека клучното прашање во однос на бегството на Игор Спасов е одговорот од обвинителот и судијата врз основа на кои проценки е дозволено да му се направи прекин со судска одлука на издржувањето на казна затвор.
Министерот за внатрешни работи истакна дека е многу поважно да се види и конечно да се реши проблемот со нефункционалноста на системот.
Прашан дали во судството е потребен ветинг, Спасовски дециден дека во судството е потребен и ветинг и кривична одговорност.
„За вакви случаи Јавниот обвинител треба да подигне истрага против некој судија и против некој обвинител и да се докаже што е поврзаност во однос на ваквите случаи. Дали има врска помеѓу оној што е осуден, помеѓу лекарите кои тоа го прават, дали има врска помеѓу обвинителот и судијата итн“ вели Спасовски.
