| |

ПИЈАНА ДЕВОЈКА НАПАДНАЛА ПОЛИЦАЕЦ

Т.Н. (24) вчера рано утрото била приведена во полициската станица Карпош во Скопје за физички напад на лице од обезбедувањето и на полицаец.

Во алкохолизирана состојба Т.Н. од село Стајковци во дискотека во Скопје го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз лице од обезбедувањето. Во обид да ја легитимира и полицаец бил физички нападнат од девојката.

По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Слични Објави