АПЕЛАЦИЈА ЈА УКИНА ПРЕСУДАТА ЗА ПОТКУП НА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА КАВАДАРЦИ
Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата со која поранешниот кавадаречки градоначалник Александар Панов беше осуден за поткуп при избори и гласање. Со пресуда на Основен суд Кавадарци во август минатата година, Александар Панов беше осуден на два месеца затвор за кривично дело поткуп при избори и гласање. За ова дело предвидена е парична казна или казна затвор до една година, појасни тогаш судијата доктор Лазар Нанев.