| |

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ПУШТА ЛАЖНИ СООПШТЕНИЈА СО ЦЕЛ ДА ЈА ПРИКРИЕ НЕЗАИНТЕРЕСИРАНОСТА НА ШИЛЕГОВ И МАКРАДУЛИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ

СДСМ пушта лажни соопштенија со цел да ја прикрие незаинтересираноста на Шилегов и Макрадули за справување со загадениот воздух. Вчера Петре Шилегов и Јани Макрадули кои за огромната плата што ја добиваат токму од народот повеќе сакаат да си дремнат или да си поиграат игри наместо да решаваат проблеми, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Заев, Шилегов и Макрадули пред изборите ветуваа итни краткорочни, но и долгорочни мерки со кои ќе се намали загадувањето. Но откако дојдоа на власт, спроведоа само една единствена мерка „Исклучување на мерни станици“.

И додека граѓаните се гушат во загаден воздух, СДСМ покажуваат дека се незаинтересирани и неспособни да го намалат загадувањето. Повеќе пари се издвојуваат за луксузирање отколку на мерки и борба против аерозагадувањето во државата и во главниот град.

Народот не заслужува ваква власт која не се грижи за нивните животи. СДСМ мора што поскоро да си замине за да може да се решаваат проблемите на граѓаните, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.



Слични Објави