ТАЛАТ ЏАФЕРИ СО ЧЕСТИТКА ЗА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА

Вести Истакнато Македонија

„Дозволете ми од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Македонија, да го честитам 28-ми Ноември, Денот на албанското знаме и во исто време Денот на независноста на Република Албанија, земја која што е наш непосреден сосед и потврден пријател.

Овој значаен празник е длабоко втиснат во колективната национална историска меморија и во срцата на сите припадници на албанскиот народ, а Албанците како значаен и интегрален дел на Република Македонија се обединувачко ткиво и вреден контрибутор во напредокот и развојот на државата и регионот. Денес, кога се одбележува 106-годишнината од кога истакнатиот дипломат Исмаил Ќемали, заедно со делегати од различни албански градови го истакна националното знаме во Валона, Албанците, каде и да се наоѓаат, го празнуваат овој симбол на албанската национална културна ренесанса “ се вели во честитката на претседателот на Собранието на Република Македонија.