| |

АДНАН ЌАХИЛ ИСКЛУЧЕН ОД ПАРТИЈАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТУРЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП) ја информира јавноста дека со одлука на партиските органи; Аднан Ќахил е исклучен од партијата. Истовремено од Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев е побарано негово разрешување од функцијата министер без ресор.

Ваквата одлука е природен епилог кој произлегува од неприципиелното делување на Ќахил, кој не само што ги отфрла програмските одредби и статутот на ТХП, туку и со својот неетички и недемократски пристап го нарушува угледот на партијата и етничката заедница која ја претставува. Статутот и вредностите на ТХП наложуваат исклучување на секој член кој ќе работи спротивно од интересите на партијата. Истовремено санкционирани се и другите членови кои беа инволвирани на слични противстатутарни акти, се вели во соопштението на партијата.

Извор: Телма



Слични Објави