| |

Во хеликоптерска несреќа загинаа министерот, заменик министерот и државниот секретар на МВР на Украина

Најмалку 16 лица загинаа при уривање на хеликоптер во градот Бровари во киевската област, меѓу кои, украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски и неговиот заменик Евгениj Енин, пренесуваат светските медиуми.

„Утрово, на 18 јануари, во Бровари се урна хеликоптер на Државната служба за вонредни состојби. Како последица на хеликоптерската несреќа загина раководството на МВР: министерот, првиот заменик министер и државниот секретар. Се знае дека вкупно загинале 16 лица, меѓу кои и две деца. Од нив, девет биле во хеликоптерот“, информира шефот на Националата полиција на Украина Игор Клименко.

Дваесет и две лица се хоспитализирани, меѓу кои 10 деца. На местото на несреќата работат лекарски тимови и полицијата. Местото на несреќата во градот Бровари се наоѓа на околу 20 километри североисточно од Киев.

Слични Објави