Ковачевски: Постојат шанси „Алијанса за Албанците“ да стане дел од Владата
Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека постојат шанси партијата Алијанса за Албанците да стане дел од Владата.
„Дали Алијанса за Албанците ќе влезе во Владата, да, постојат шанси за тоа, исто како што кажаа и другите политички лидери, а дали ќе се случи тоа зависи од политички договор којшто секогаш има два аспекта – програмски и кадровски и додека не се случи тоа не можам со сигурност да кажам дека ќе има уште еден владин партнер. Сите кои сакаат да се приклучат кон концептот за европска Македонија сега е време за тоа“, изјави Ковачевски на новинарско прашање дали партијата предводена од Арбен Таравари ќе стане дел од власта.
