|

„АКО ОВИЕ МЕРКИ НЕ ДАДАТ РЕЗУЛТАТ, СЛЕДЕН ЧЕКОР Е ПОЛИЦИСКИ ЧАС“, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

Венко Филипче рече дека следниот чекор е полициски час, доколку овие мерки не дадат резултат, односно не се почитуваат. Тој уште еднаш апелираше на почитување на мерките.

„Следен чекор би бил целосно ограничување на движењето, однсоно полициски час. Да смогнеме сили да ги почитуваме мерките, затоа што ова е начинот кој треба да се функционира, затоа што доаѓаат уште поладни есенски и зимски месеци“, рече Филипче.

Тој рече дека ограничувањето на работата до 23 часот на економските оператори, посебно ќе важи за оние оператори каде ќе има групирање.

„Станува збор за сите економски оператори каде има групирање. Тоа се угостителските објекти во преден план. Суштината на контиунирано носење надвор и внатре на носење на маските, согласно сите искуства, сакаме да го спречиме вирусот на тој начин, со маски и групирање“, кажа Филипче.

Слични Објави