MАСОВНИТЕ ДЕМОНСТРАЦИИ ВО ЧИЛЕ: ЗАПАЛЕНИ НАЈМАЛКУ ДВЕ ЦРКВИ (ВИДЕО)

Најмалку две цркви се запалени во главниот град на Чиле, а илјадници луѓе се собраа вчера на улиците на првата годишнина од смртоносните протести против конзервативната влада во кои загинаа 30 мртви и имало илјадници ранети.

loading...

На објавените видеоснимки може да се види уривањето на кулата Парокија де ла Асунсион, една од најстарите цркви во Сантијаго де Чиле. Исто така, може да се види и Иглесија де Сан Франциско де Борја, која полицијата обично ја користи за церемонии, како е зафатена со пламен.

„Оние кои прават вакви насилни дела не сакаат Чилеанците да ги решат проблемите со демократски средства“, рече министерот за внатрешни рбоати Виктор Перес. Тој ги повика граѓаните на Чиле да го искажат својот став на референдумот на 25-ти овој месец на кој ќе се гласа дали да се прават уставни измени.



loading...

Сегашниот устав на Чиле е донесен во 1980 година од страна на воената хунта на Аугусто Пиноче и не предвидува државно здравство и образование за граѓаните, кои се две од барањата на демонстрантите, во Сантјаго протестираа околу 25 илјади Чилеанци.