| |

СПОРЕД ВЛАСТА ВМРО-ДПМНЕ САКА ДА ГИ БЛОКИРА ПРЕДМЕТИТЕ НА СЈО

Во Собранието  во тек е средбата меѓу премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на која ќе се обидат да најдат решение за Законот за јавно обвинителство, а со тоа и за статусот на Специјалното јавно обвинителство.

Во фокусот на разговорите, официјално  се  Законот за јавно обвинителство, а според ВМРО-ДПМНЕ ќе се разговара и за предвремени избори што биле и услов за лидерската средба.

Сепак според извори од преговарачкиот тим на власта се дознава дека суштината во преговорите вечерва  е да се блокира работата и предметите на СЈО

Главна цел им е предметите од СЈО да не продолжат, односно обвинетите од ВМРО-ДПМНЕ да не одговараат пред правосудството.

Слични Објави