СДСМ: ОБЕЗБЕДЕНА ЧИСТА ВОДА ЗА ГРАЃАНИТЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Вести Истакнато Македонија

Деценискиот проблем на граѓаните на Гевгелија кои немаат пристап до чиста и квалитетна вода за пиење конечно е надминат.

Пуштен е во употреба нов водоснабдителен систем, инвестиција вредна 1.7 милиони евра, преку кој се обезбедуваат дополнителни количества на чиста вода за пиење, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.

Со новиот систем во кој има три нови бунари ќе се обезбедат дополнителни 200 литри во секунда, со што проблемот со квалитетно снабдување со питка и чиста вода на граѓаните се решава за следните најмалку 30 години.

Со тоа, се става крај на небезбедната вода за пиење во Гевгелија, проблем што со децении предизвикуваше здравствени проблеми и проблеми во нормалното функционирање на граѓаните во Гевгелија и регионот.

Како одговорна партија, СДСМ и на централно и на локално ниво продолжува со спроведување на мерки и проекти што обезбедуваат здрава животна средина, повеќе пари кај граѓаните, економски раст и повисок животен стандард за сите граѓани, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.