ГРУЕВСКИ НЕМА ДА ОТИДЕ ВО ШУТКА ДЕНЕСКА

Вести Истакнато Македонија

Поранешниот премиер Никола Груевски денеска нема да отиде во истражниот затвор „Скопје“. Според член 91 од Законот за извршување на санкциите, Кривичниот суд треба во рок од три дена да одговори на личната жалба на Груевски за одложување на неговата затворска казна.  Со поднесувањето на жалбата автоматски му се одложува извршувањето на казната. Инаку во Кривичниот суд од вчера почнале да пристигаат поединечните жалби на сите адвокати од тимот на Груевски на одлуката на судијата за извршување санкции, кој одби да му го одложи издржувањето на казната.