ВМРО-ДПМНЕ: ГРАЃАНИТЕ НЕ СЕ СОГЛАСУВААТ СО БРИШЕЊЕ НА АСНОМ И МЕНУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ, ЈАЗИК И ИСТОРИЈА

Вести Истакнато Македонија

Одродената и криминална власт на чело со аболицираниот Зоран Заев нема мандат да го менува Уставот на Македонија. Граѓаните на 30-ти септември јасно и дадоа до знаење на власта дека не се согласуваат со менување на Уставот и уставното име на државата. Не се согласуваат со бришењето на АСНОМ и менувањето на македонскиот идентитет, јазик и историја. Над 1.2 милиони гласачи јасно кажаа дека не се согласуваат со капитулацијата која ја потпиша владата на Заев во Преспа, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Заев и СДСМ никаде во својата програма не ветија дека ќе го менуваат уставното име на државата. На гласачите не им најавија дека доколку гласаат за СДСМ, гласаат историјата да им ја пишува некоја од соседните држави, или пак дека гласаат за променет идентитет и јазик како и откажување од Македонците во соседството и се што е македонско. Однесувањето на одродената и криминална власт претставува груба манипулација со волјата на граѓаните.

Единствена причина зошто СДСМ ја погази демократијата и волјата на граѓаните, зошто ги распродава државните и национални интереси е спас на политичката кариера на Зоран Заев. Зоран Заев е подготвен по секоја цена да продолжи со своето криминално владеење, да продолжи со раздавањето на тендери и грантови на високи државни и партиски функционери. По секоја цена без разлика дали е тоа името на државата, идентитетот или јазикот, Заев сака да продолжи да возат камионите на Вицето, да растат стеблата марихуана, да продолжи да се богати кланот Заеви на грбот на народот.

Стравот кај Заев и криминалниот картел на власт е огромен. Тие знаат дека доколку ја загубат власта ќе треба да одговараат за сите криминали, знаат дека никој нема повторно да го аболицира или амнестира кланот за неговите криминали. Правдата ќе ги стигне и сите оние кои наместо да го казнуваат го амнестираат криминалот на власта. Игнорирањето на волјата на граѓаните скапо ќе го чини СДСМ и Заев, на наредните избори волјата на граѓаните ќе биде уште посилно изразена, а Заев ќе заврши во политичка пензија и ќе одговара за сите свои злодела, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.