|

Со ДПМНЕ на чело на МВР се влошува безбедносната состојба секогаш, велат од СДСМ

Секогаш кога ДПМНЕ е на чело на МВР се влошува безбедносната состојба во Македонија, истакнуваат од СДСМ.

Според оваа партија, во само два месеци откако ДПМНЕ и Тошковски го водат МВР, се случи свирепо убиство на младо момче, убиства и пресметки на криминални групи, опожарени возила и вчерашниот обид за убиство на градоначалник, со пукање, во кое се ранети две лица.

„Налик на 11 годишното владеење на ДПМНЕ кога стравувавме од секојдневни тепачки во градските автобуси, поттикнување на меѓуетничка нетрпеливост и кога МВР беше МВРО ставено во целосна услуга на Белата палата.

Граѓаните не сакаат неизвесност и несигурност, сакаат безбедни улици, сигурност и стабилност“, потенцираат во нивното соопштение.

ДПМНE, како што напоменуваат од владејачката партија, не се способни да ја гарантираат безбедноста и сигурноста на граѓаните.



Слични Објави