Руската амбасада во Скопје го обвини Бујар Османи дека „шпекулирал за жртвите на руската агресија“
Амбасадата на Русија во Скопје преку објава на социјалната мрежа Фејсбук реагираше на изјавите на министерот за надворешни работи Бујар Османи кој како претседавач со ОБСЕ го одбра Киев за своја прва дестинација.
Од руската амбасада велат дека Османи во Украина „шпекулирал за жртви на руската агресија, прифаќајќи ја пропагандата на режимот во Киев“.
„Претседавачот со ОБСЕ Бујар Османи вчера во Украина шпекулираше за ‘жртви на руската агресија‘, прифаќајќи ја пропагандата на режимот во Киев. Но, кога пристигна во Киев, војниците на Зеленски ги гранатираа Доњецк и Макеевка (во ДНР): има мртви, ранети сѐ уште беа под урнатините“, пишува во објавата на руската амбасада.
Оттаму уште реагираат дека Османи досега не споменал, како што велат, жртвите од гранатирањето од страна на украинските сили, како и сите загинати и ранети од агресијата на киевскиот режим врз Донбас од 2014 година, чиј број изнесува илјадници.
„Се работи за луѓето“, велите?, пишува во реакцијата од амбасадата.