| |

Грозев: Важно е Бугарија да покаже дека стои зад правата на бугарските граѓани и новинари

„До моментов и јас немам информации зошто по мене е распишана национална потерница. Обвинението е во врска со Законот за борба против лажните вести за армијата. Единствен извор кој укажува на причината е државната агенција РИА Новости. Засега немаме официјална потврда. Засега немам одговор зошто има потерница за мене“, ова го изјави истражувачкиот новинар Христо Грозев преку видео конферентна врска во Комисијата за контрола на безбедносните служби, јавува БГНЕС.

Грозев објасни дека добил црн печат и забрана да ја посетува Русија во 2016 година, додавајќи дека овој факт се коси со тврдењата на амбасадорката Елеонора Митрофанова, која изјави по разговорите во бугарското Министерство за надворешни работи дека потерницата по Грозев е само порака кон него да не ја посетува Русија.

„Според мене Бугарија е должна да бара од Русија не само објаснување, туку и јасно да ѝ се укаже дека нејзината политика е неприфатлива практика, не само во мојот случај конкретно, туку и за сите останати“, категоричен е Грозев.

Според бугарскиот новинар повеќе од очигледни се причините поради кои Русија сака да ги прекине неговите активности како новинар.

„За мене е важно Бугарија да покаже дека стои зад правата на бугарските граѓани и новинари, како и дека европските институции ги штитат правата на европските граѓани и европските новинари“, дециден е Грозев.

Слични Објави