Хаџи Стањо Врабевски и Тетевенскиот револуционерен комитет: Потекло, родно место и рани години (2)

/

Хаџи Станчо, татко на Хаџи Стањо, потекнува од големото балканско село Врабево, тогаш вбројувано во околијата на Севлиево, подоцна кон Тројан а денеска во областа Ловеч.
Сигурно е дека Врабево го носи својот почеток од времето на бугарскиот среден век. Локалните легенди го поврзуваат со востанието на браќата Петар и Асен а и со подоцнежни настани од историјата на Второто бугарско царство.

Како потврда на таа теза се посочуваат имињата на места како Царска чешма, Царевец, Каља црква, Урум конак, Ѓаур Баир и др.
Врабево се спомнува во османлиските даночни списи уште од 1430 година а неговата географска положба го прави природен центар на населените места меѓу Севлиево, Ловеч и Тројан. Не случајно во поново време макар и да не е околијски центар во Врабево има Гимназија која постоела до 2006 година.

Најверојатно градежни работници од селото учествувале во популарната акција против османлиската власт Велчова завера во Трново во 1835 година. Потсетуваме дека еден од организаторите на ова востание е Иванаки Вратцалијата од соседното село Вратцата, денеска Старо Стефаново.

Во Врабево се родени или се поврзани со селото десетици личности од преродбата, новата и најновата историја на Бугарија. Освен родот на Хаџи Станчо Врабевски и неговите потомци можеме да ги наведеме имињата на Ополченците, Иван Михов Молдован, Иван Недјалков, десетици учесници цо војните за национално обединување, политичари, воени дејци, научници, педагози, културни дејци, спортисти: д-р Иван Тутеков, полковник Христо Тошков, генерал Добри Џуров, проф. д-р Аксинија Џурова, проф. д-р Милко Палангурски, проф. д-р Иван Којнаков, Даниела и Павлина Доковски, Валентин Зајаков, Костадин Костадинов и др.

Со потекло од Врабево е и почитуваниот во Кина како водечко име во уметноста на текстилот проф. д-р Марин Врбанов. Од селото е позната и група противници на комунистичкиот режим, наметнат по 9 септември 1944 година. Од групата се познати имињата на Стефан Тутеков, Васил Добрев, Георги Генков, Христо Ковачев, Димитар Попов, Илија Илиев и други.

Станчо Врабевски се преселува во Алтан Тетевен, најверојатно по разорувањето на ова богато балканско градче, од Крџалиите во 1801 година. Работливите и слободољубиви жители на Тетовен брзо се опоравуваат по трагедијата и постепено го препродаваат својот град. Еден од тие недоволно познати Бугари што допринеле за возобновувањето на Тетовен е имено Станчо Врабевски.

Познато е дека тој се жени со Марија, богата наследничка на бугарска фамилија од Фокшан- град што ќе игра важна ролја во животот на нивниот син Стањо. Марија потекнува од угледна фамилија на бесарапски Бугари. Според спомените собрани од д-р Милен Врабевски семејство на Марија се вратило во бугарските земји, практика што била вообичаена.

Знаејќи дека на север од Дунав има големи ,,колонии” од градот Тетевен и околината многу е веројатно семејството на Марија да живеело претходно во Тетевен и да се вратило во родниот град.

Во повеќето публикации за Хаџи Стањо Врабевски се тврди дека тој е роден бо 1822 година. Постојат и други податоци според кои тој е роден во 1817 година. Токму овој датум се смета за вистинит од потомците на самиот аџија. Истиот е наведен и во создаденото од нив семејно дрво. Треба да се повлече дека овој датум соодветствува на кажаното од самиот дедо аџија за време на испрашувањето од софискиот управник Масхар паша на 5 ноември 1872 година. На прашање на истражителите колку години има Хаџи Стањо истакнува дека е на 55 години.

Семејството на Станчо и Марија Врабевски брзо станува едно од највлијателните во Тетевен и реонот во првата половина на 19 век. Во духот на времето, слично на други такви фамилии, тие фамилијарно одат на поклонение на Божји гроб во Ерусалим и заедно со нивните синови Иван и Стањо стануваат аџии.
Втората генерација Врабевски се синовите Хаџи Иван и Хаџи Стањо и ќерките Милка, Марија и Пена. Сите тие во еден или друг степен играат значајна ролја во животот на Тетевен.

Продолжува…

Хаџи Стањо Врабевски и Тетевенскиот револуционерен комитет: Голем Бугарин од времето на Преродбата (1)

Во неколку продолженија порталот Трибуна ќе ја објави книгата на проф. д-р Пламен Митев и проф. д-р Пламен Павлов „Хаџи Стањо Врабевски и Тетевенскиот револуционерен округ“, која го следи животниот пат на еден од најблиските соработници на Апостолот на слободата Васил Левски- хаџи Стањо Врабевски од Тетевен, Бугарија.



Претходна статија

Грозев: Важно е Бугарија да покаже дека стои зад правата на бугарските граѓани и новинари

Следна статија

(Видео) Мотиви од бугарската народна песна „Полегнала е Тодора“ звучат во филм кандидат за Оскар

Најново од Документите говорат

(Фото) Легендарниот охридски музичар Климент Садилов барал и добил бугарска пензија во 1943 г. како заслужен за ширењето на бугарскиот дух за време на српскиот режим

На 5 март 1943 г. легендарниот охридски музичар Климент Садилов од познатата охридска фамилија Садиловци испраќа

(Фото) Документите говорат: Милан Ѓурлуков: „Бугарското племе е поврзано со Македонија со нераскинливи врски, кои не можат да се прекинат се додека, постои бугарскиот род“

По посетата на бугарскиот премиер Александар Стамболијски на Белград во 1922 година, војводата на ВМОРО Милан